Кочанка измамила двајца тетовци дека за пари ќе им обезбеди бугарски пасоши

Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера, во 14.10 часот, во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи, извести СВР Тетово.

„До пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама, вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел ѝ платил 25.800 денари“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.