Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва пак се случи поголем инцидент.
На раскрсницата помеѓу улиците “Димитар Влахов” и “Стево Теодосиевски” се случи сообраќајна несреќа, откако автомобил со штипски регистарски таблици удри во службено полициско возило. Набрзо потоа на местото на несреќата дошла и Брзата помош, но засега нема детални информации за повредени.
ИЗВОР: pogled.mk