Расте бројот на заразени со коронавирусот во Македонија: Нови 49 позитивни случаи, од тестирани 586 лица

Македонска Каменица, 11.04.2020 година –

Двајца пациенти позитивни на Ковид-19 починаа од компликации поради инфекцијата, дознава Алсат. Согласно информациите со кои располагаме, едниот од починатите е од Куманово, а другиот од Прилеп. Со ова, вкупниот број на починати лица достигна 34 лица.

 

Според  информациите кои ги објави Алсат, во изминатите 24 часа во државата се регистрирани 49 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –13, Куманово – 14, Прилеп има 8, по шест во Штип и Велес и по еден случај во Кочани и Гостивар.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

– Скопје – 297
– Куманово – 182
– Дебар – 49
– Штип-27
– Прилеп –58
– Тетово – 31
– Струга – 33
– Велес – 24
– Битола –8
– Охрид –4
– Кавадарци – 3
– Гостивар –7
– Гевглелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-3
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 20
– Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие се направени 586 теста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *