Кочани: Во сообраќајна несреќа повредени неколку малолетници

Вчера (Вторник) во 17:05 часот е пријавено дека на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа во која учествувало ПМВ „Форд Фоку“ управувано од МС (24) од населбата Оризари и три малолетни пешаци (2001, 2001, 2000).

Со тешки телесни повреди трите пешаци биле пренесени во Општа Болница во Кочани од каде малолетничката 2000 од село Саса по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е пренесена во Клинички Центар во Скопје, а останатите две малолетнички по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекувањe.

Со овластување на Јавен Обвинител увид во местото на сообраќајката извршиле полициски службеници од ПС – Кочани.

Извор: инт. портал Комарец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *