КИЦ Романса упати Јавен повик за соработка до учениците и професорите

По повод 01. Септември и почетокот на новата учебна 2022/23 година, КИЦ Романса објави ЈАВЕН ПОВИК до сите ученици, наставници и професори во општина Македонска Каменица.

Во упатениот Јавниот повик, КИЦ Романса ги информира и повикува сите ученици, наставници и професори, кои земаат учество во образовните активности од училишните секции, дека во Културно информативниот центар имаат отворени врати и партнер за реализацијата на сите школски активности.

“Така со заедничка поддршка ќе допринесеме за постигнување на повисоки стандарди во самиот образовен процес и продуцирање на програми од областа на културата, како особено важни сегменти во развојот на младите и учениците од нашата Општина” – стои во продолжението од текстот на соопштението објавено од КИЦ Романса Македонска Каменица, од каде дополнуваат дека “продолжуваат со поддршката за реализација на проекти во соработка со роднокрајните автори”.

Со почит,
КИЦ Романса Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *