КИЦ РОМАНСА НАЈАВУВА: НАЈГОЛЕМИОТ БАЛКАНСКИ СТЕНД АП ДОАЃА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во понеделник на 17 Октомври 2022 година, со почеток од 20:00 часот во Домот на култура се случува најголемото балканско Стенд Ап шоу.

Настапуваат:
1.Хазим Мајчуновиќ – актер од БИХ, познат на публиката од “Луд збунет нормален”
2. Јагода Јовановиќ – Комичар од Србија
3.Ивана Наскова – позната радио и тв водителка
4.Срѓан Слијепчевиќ – комичар од Зрењанин, Србија

Влезниците се пуштени во продажба по цена од 100 денари. Истите можат, секој работен ден да се купат од Домот на култура.

Македонска Каменица е еден од градовите во Македонија каде од 16 до 20 октомври, ќе се одржат настапи на домашни и балкански Стенд Ап комичари. Повод за нивното доаѓање во нашата земја е учеството на Златен Комеди Фест.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *