КИЦ „Романса“ ги објави изведувачите на музичко забавниот дел од „Каменичко културно лето 2023“

Културно информативниот центар Романса ги објави главните изведувачи од музичко забавниот дел на Каменичко културно лето 2023, кое на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе се одржи во периодот од 26 до 28 август 2023 година.

Каменичкото културно лето 2023, на 26. Август го отвараат Силви Бенд и Наум Петрески, а 27. Август е резервиран за настапите на Дамјан Стојановски и Зуица Лазова.

Програмата на 28. Август како Ден на Општина Македонска Каменица и Ден на рударите, ќе биде колаж од повеќе изведувачи. Започнува со Бојана Скендеровски и Ламбе Алабаковски, а музичко забавниот дел продолжува со настапот на мега популарната балканска музичка ѕвезда, Аца Лукас.
Неговиот настап на Градскиот плоштад во Македонска Каменица започнува во 22:00 часот.

Покрај настапите на македонските и балкански музички ѕвезди, програмата на Каменичко културно лето 2023, ќе биде збогатена со настапи на КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и фолклорни ансамбли и групи од земјава и странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *