КБ Штип: Нема пропусти во третманот на починатата родилка од Делчево

Клиничката болница Штип преку соопштение даде објаснување на случајот со починатата родилка од Делчево, ви ги пренесуваме во целост:

,,Најпрвин, сакаме да изразиме најискрено и најдлабоко сочувство до семејството на починатата пациентка.
Што се однесува до текот на лекувањето, пациентката примена на Одделот за гинекологија и акушерство на 26.12.2023 год. околу 10,20 мин., за породување. Десетина минути подоцна, пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок. Веднаш е внесена во операциона сала, направено е итно породување со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника,а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи почнуваат операција за спас на пациентката.
И покрај дадената крв и крвни деривати и операција, пациентката предоперативно, за време на операцијата и постоперативно е со тешка клиничка слика и хемодинамски нестабилна.
Поради тоа, конзилиумот од 2 анетезиолози, 2 гинеколози и 4 хирурзи одлучуваат пациентката да биде префлрлена на КАРИЛ – Скопје за понатамошен третман.
Во текот на вчерашниот ден, Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања, ја разгледа документацијата за случајот и утврди дека нема пропусти во третманот на пациентката.
Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *