Кате Поп Димитрова и Елена Тасевска во составот на сениорската кошаркарска репрезентацијата на Македонија

Кате Поп-Димитрова и Елена Тасевска го одработија вечерниот тренинг во полн состав, со главните адути во квалификациите, Девана Бонер и капитенот Анџелика Митрашиновиќ. Кате Поп-Димитрова и Анџелика Митрашиновиќ беа во составот на Баскет Кам, каде ја испишаа најсветлата кубска историја, освојувајќи ја двојната шампионска круна, Купот и Шампионатот на Македонија. Оваа година Елена Тасевска и Кате Поп Димитрова бележат успешни натпревари во европската ВАБА лига и во домашното првенство.

Селекторот Александар Ашаданов се одлучи за 12. кошаркарки кои ќе ги стартуваат квалификациите за Евробаскетот 2023

Од вечерва, подготовките на Македонската кошаркарска репрезентација продолжуваат во салата на СРЦ „Кале“. Селекторот Александар Ашаданов, минатогодишен тренер на шампионскиот тим на Баскет Кам и неговата асистентка, Јелена Антиќ – сегашен тренер и играч во редовите на Баскет Кам, ќе сметаат на следниве кошаркарки на мечот во Хале, против селекцијата на Германија, на 11. ноември.

„Во изминатите неколку денови, имавме потешкотии околу формирањето на финалниот ростер. За жал, не можам да сметам на некои кошаркарки за кои мислам дека можат да придонесат за уште подобар настап на почетокот на квалификациите за Евробаскетот. Но за жал, здравствената ситуација која лекарскиот тим ја потврди кај некои играчи, не ни дозволува да тренираме и да играме со планираните сили“– констатира Ашаданов.

Секако, селекторот го радува присуството на нашите главни адути и во овој квалификациски циклус, капитенот Анџелика Митрашиновиќ и Девана Бонер, кои вечерва го одработија првиот заеднички тренинг со останатиот дел од екипата.

„Дефинитивно, тоа е од големо значење за нашите планови. Во ова кратко време кое е пред нас, ќе се обидеме да поставиме некои елементи од кошаркарската игра кои имаме намера да ги реализираме на овие два натпревари. Прво со Германија, а потоа и на домашен терен во Скопје, против Босна и Херцеговина. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира“ дополнува селекторот.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА ПРВИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАР ПРОТИВ СЕЛЕКЦИЈАТА НА ГЕРМАНИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *