Каменички спортски идоли: Бојан Трајковски

Бојан Трајковски е професионален кошаркар, роден на 11 септември 1986 година, во Македонска Каменица. Има настапувано за неколку македонски клубови- Балкан Стил, Работнички, Фени Индустри, Торус, Лирија и Куманово, за полскиот Чарни Слупск, а моментално е член на косовскиот Сигал Приштина. Во кариерата има освоено низа титули во македонското првенство и куп, а со Сигал Приштина ја освои косовската лига, купот и БИБЛ лигата. Бојан Трајковски е член и на македонската кошаркарска репрезентација, за која е и најдобар стрелец во квалификациите за Европското првенство 2015. Поради несогласување со селекторот Драган Раца, Трајковски не е дел од репрезентативниот состав во квалификациите за Европското првенство 2017.12585-mak-kosarka-sokoli-kumanovo-kup-2016-25070

Покрај клупските, Бојан Трајковски има и еден куп индивидуални признанија. Тој е идол на многу млади кошаркари од Македонска Каменица и значаен фактор за популаризација на овој спорт во малата рударска општина.
kkk-bojan-trajkovski-fibaphoto

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *