
Во првиот натпревар од 20. коло во хрватскиот футсал шампионат, Сквер со резултат 7:3 ја совлада Албона П.
Триумфот беше остварен најмногу благодарение на македонскиот интернационалец Адријан Мицевски кој постигна четири голови, а воедно беше и прогласен за најдобар играч на мечот.
На табелата води Национал со 50 бодови, додека Сквер (кој има и меч повеќе) е на седмата позиција со 24 бодови и ги одржува шансите за учество во доигрувањето во пресрет на преостанатите две кола.