Каменичанецот Адријан Мицевски главен “виновник” за сите победи на хрватскиот футсал прволигаш “Сквер”

Хрватска, футсал: Сквер на „крилјата“ на мајстор Мицевски!

Во првиот натпревар од 20. коло во хрватскиот футсал шампионат, Сквер со резултат 7:3 ја совлада Албона П.

Триумфот беше остварен најмногу благодарение на македонскиот интернационалец Адријан Мицевски кој постигна четири голови, а воедно беше и прогласен за најдобар играч на мечот.

На табелата води Национал со 50 бодови, додека Сквер (кој има и меч повеќе) е на седмата позиција со 24 бодови и ги одржува шансите за учество во доигрувањето во пресрет на преостанатите две кола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *