Како една шолја топло чоколадно може да помогне во губењето тежина?

Шолја топол пијалак, направен дома со незасладено какао во прав, може да го зголеми внесот на влакна и да ве спречи да се чувствувате гладни.

Здравствениот тренер Стив Бенет рече дека иако јаткастите плодови и семките се одлична храна со влакна, топлото чоколадо може да им помогне на луѓето кои сакаат благо.

Влакната се варат полека, што ве прави да се чувствувате посити подолго време и може да ја намалат желбата за ужина, што често е поттик за зголемување на телесната тежина.

Стив, автор на „Fiber First“, вели: „Ако имате повеќе влакна во вашата исхрана, ќе јадете помалку и ќе се чувствувате подолго сити. Какаото во прав, кое треба да биде главната состојка во топлото чоколадо, е богато со влакна“.

Проблемот со верзиите на топло чоколадо купени во продавница е што имаат премногу шеќер и емулгатори.

„Сепак, можете да имате едноставна здрава верзија со исто толку добар вкус која ќе ја направите дома. Рецептот е 200 мл топло млеко, 2 полни лажици обично какао во прав и 2 лажички засладувач стевија“, вели тој.

Извор: kajgana.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *