Казнети 359 возачи за брзо возење

Во изминатото деноноќие санкционирани се 359 возачи за брзо возење на цела територија на државата. Од нив 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.

„Во текот на вчерашниот ден (17.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 359 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место“, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *