И ОВОЈ МЕСЕЦ ЛИБЕРО ТРАВЕЛ ВЕ НОСИ ВО ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ ОСТРОГ

Манастир Острог  15 – 17 септември 2017

Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век.

Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.

Супер понуда на Либеро Травел: Септемвриски одмор на Крф за само 99 евра

Сместување во Долeн Манастир, кој поседува 29 повеќе креветни соби (8, 10 кревети во соба) или можност за сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат, на чардак или во манастирскиот двор. Во манастирот се добива душек и ќебиња.

Цена на аранжманот: 1.500 мкд

Аранжманот вклучува:

  1. Превоз со високотуристички автобус
  2. Ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор
  3. Придружник за време на патувањето
  4. Туристичка такса во Острог 1 евро

Во цената не е вклучено:

  1. Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)
  2. Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец.
  3. Патничко осигурување 100 денари.

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА САМО СО ЛИЧНА КАРТА ! ! !

Дополнителни информации:

  • Потребно е да се понесе храна за време на патувањето
  • Можност за ручек во ресторан во близина на Долниот манастир
  • Можност за ручек во  Будва и трговскиот центар Делта во Подгорица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *