„Истибањско Здравоживо 2022“, Вторник 13 Септември, Македонска Каменица

Македонска Каменица, 09.09.2022 година – Со одржувањето на 37. Меѓународен фолклорен фестивал “Истибањско Здравоживо – 2022” продолжува традицијата каде Македонска Каменица, покрај Истибања и Виница е еден од домаќините на овој реномиран Меѓународен фестивал.
Годинешново издание на „Истибањско здравоживо“ се случува од 09 до 15 септември, а во Македонска Каменица доаѓа на 13 Септември 2022 година. Започнува во 17.30 часот со дефиле низ градските улици на Македонска Каменица, а продолжува на Градскиот плоштад со концертни настапи на учесниците.
„МФФ “Истибањско Здравоживо – 2022” според концепцијата и содржините кои ги нуди, е единствен и уникатен настан во државата и Европа. Тука би ги набројал дефилеата во Истибања, Македонска Каменица и Виница, познатите национални вечери, традиционалното зажневање на ориз, потоа танците на народите, Гала концерт и заедничките ора на учесниците и присутната публика“, – вели во изјавата Стојко Митковски од ФА „Китка“ – Истибања, организатор на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“ кој ја искористи приликата да ги покани сите граѓани на Македонска Каменица, Истибања, Виница и поширокиот регион да дојдат и да ги проследат настапите и дефилеата на многубројните Фолколрни ансамбли и друштва од Македонија и Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *