Интензивирани активностите за санација на повеќе локални патишта, одводни канали и водоводи по обилните врнежи во Македонска Каменица

Како што истакнуваат од Општина Македонска Каменица, интензивирани се активностите на терен за чистење и уредување на локалните патишта, одводните атмосферски канали и водоводните линии во приградските и руралните средини и санација на штетите врз нив предизвикани од обилните врнежи во изминатиот период.

Преку активностите на екипи од ЈП Камена Река, продолжуваме посветено да работиме во секое населено место. Паралелно вршиме подготвителни активности за изградба и реконструкција на повеќе патни правци во повеќе населени места на целата територија на општината, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *