Инсталирани корпи за селектирање и одложување на батерии во сите локални и образовни институции во Македонска Каменица

Ги инсталиравме корпите за селектирање и одложување на батерии во сите локални и образовни институции во Македонска Каменица.

Со веќе потпишаниот договор со “Нула отпад” воспоставуваме одржлив систем за управување со електронски отпад и отпадните батерии. Систем кој во континуитет ќе се спроведува и ќе допринесе до намалување на ваквиот отпад во Македонска Каменица.

Исто така, Договорот за соработка со “Нула отпад” предвидува воведување на можност, граѓаните кои што имаат ваков вид на отпад, преку оставање на податоци до ЈП Камена Река, истиот да биде преземен од нивните домови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *