Известување од ЈП Камена Река за распоред на перење на најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 16. Август 2023 година – Известување од ЈП Камена Река за распоред на перење на најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица

 

 

ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица, дека од раните утрински часови на 17. Август започнува редовно летно перење на најфрекфентните градски улици. Летното перење на улиците ќе се одвива според следниов утврден распоред:

Р А С П О Р Е Д
за перење на улиците во градското подрачје на Македонска Каменица

17. Август – улица Рударска, Методи Митевски Брицо и улица Руенска
18. Август – улиците покрај Градскиот кеј на Каменичка Река
21. Август – улицате Гоце Делчев и Филип Втори
22. Август – дел од улица Осоговска и улица Самоилова
23. Август – улица Осоговска до детска градинка Бамби
24/25 Август – улица Александар Македонски

 

 

Од ЈП Каменица Река ги замолуваат граѓаните во склад со објавениот распоред, да ги отстранат своите моторни возила од коловозите и тротоарите на улиците, со цел да не дојде до несакано оштетување на истите. Исто така, во известувањето се вели дека треба да бидат отстранети сите градежни материјали и огревни дрвја од овие јавни површини, за олеснет пристап при извршувањето на овие редовни активности на вработените од ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица. Како што е наведено во текстот, ЈП Камена Река нема да ги покрива несаканите штети предизвикани при чистењето на улиците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *