ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕШТЕНСТВОТО ДО ВЕРНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПО ПОВОД „ЗАДУШНИЦА“ – САБОТА 26 Февруари 2022 година

„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица, во сабота на 26.02.2022 година:

с.Саса 06:00
с.Моштица 06:00
Грчки гробишта 07:30
с.Луковица 07:30
Св.Илија 08:30
Нови капела 09:00

Од свештенството при храм св.Успение на Пресвета Богородица -Мак. Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *