ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕТИОТ ХРАМ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ПО ПОВОД БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕТИОТ ХРАМ „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Ние, свештениците при храмот „Свето Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваме сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот. Ја користиме оваа пригода и да им укажеме на учесниците во овој свет чин, да се однесуваат пристојно и во духот на нашата православна вера. Денот пред Богојавление- Водокрст (18. Јануари) е строг пост (на вода), а во среда, на Богојавление- Водици (19. Јануари) не се пости, односно се блажи.

По повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, го објавуваме следниов распоред на црковни богослужби:

  • 18. Јануари, Вторник: Св. мч-ци Теотемпт и Теона (Водокрст)09:00 Утрена,
    Царски часови, Вечерна и Голем Богојавленски водосвет во средината на Светиот храм.

     

  • 19. Јануари: Богојавление- Водици07:00 часот Утрена
    08:00 – Света Златоустова литургија
    09:00 часот – лицитација на Светите икони и Светиот крст
    10:00 часот – Голем Богојавленски водосвет во дворот на Храмот

    11:00 часот – спуштање на Светиот крст во водите на Каменичка река
  • 20. Јануари

    07:00 часот – Утрена
    08:00 часот – Света литургија

За верникот кој што ќе го извади Светиот крст од водите на Каменичка река, општина Македонска Каменица на чело со градоначалникот Димчо Атанасовски, ќе обезбеди пригоден подарок.

Нагласуваме, дека „Панагиите“ треба да ги донесете во храмот во пристојно време, односно до 15:00 попладне.

Децата до 7- годишна возраст можете да ги донесете за Причест без претходна подготовка, без пост и исповед.

Со братски поздрав „Бог се јави, навистина се јави“
Храм Успение на Пресвета Богородица
Македонска Каменица
Лето Господово 2022

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *