Известување од командирот на ТППЕ Македонска Каменица за ситуацијата со пожарот на градската депонија

Известување од командирот на ТППЕ Македонска Каменица за ситуацијата со пожарот на градската депонија

 

 

ТППЕ Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река, спроведуваат акција за задушување, односно потрупување со земја и прскање со вода под притисок за гаснење на градската депонија, која веќе трет ден гори од пожар, кој според ТППЕ е предизвикан од човечки фактор.

Во продолжението од соопштението за јавност, објавено на профилот од командирот на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, Малин Трајчевски се вели дека, гасењето на ваков тип на пожари е сложен процес, комбинација од гасење со вода и потрупување со земја, се до потполно локализирање и елиминирање на последното жариште.

Трајчевски, ги замолува граѓаните на Македонска Каменица за целосно разбирање и трпение бидејќи акцијата за гасење, во голема мера зависи и од временските услови, како и припремата на теренот за приод на механизацијата вклучена во гасењето.

 

 

Пожарот на градската депонија е активен веќе неколку денови, при што присуството на создадениот чад и пепел во воздухот, видно ја вознемири каменичката јавност. При појавата на пожарот, беше зафатена шума и останата стеблеста вегетација во близина на депонијата, но со интервенција на ТППЕ, ДПД Саси и ЈП Камена Река од Македонска Каменица пожарот беше ставен под контрола, а потоа истиот беше и локализиран. Во моментов, иако пожарот е со смален интензитет, истиот се уште е активен на депонијата. Се надеваме дека најавените заеднички акции на ТППЕ и Камена Река ќе резултираат со целосно гасење на пожарот.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0386JVy73zVBap9VMTvnq6qeapHNj44pQASZubNWvbf7CcUwmvH5rEfjcjQetaDbCQl&id=100001456216865

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *