ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА СНАБДУВАЊЕТО СО ВОДА ВО НАСЕЛБА ДОЛНА РЕКА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во известувањето од ЈП Камена Река кое ни пристигна пред неколку минути, стои дека во прекин е снабдувањето со вода на домаќинствата од Долна Река во Македонска Каменица.

– Прекинот во снабдувањето со вода, доаѓа по поголемо оштетување на дел од водоводната линија при извршување на градежни активности на инфраструктурен објект во овој дел од градот, – велат од Јавното претпријатие. Нивните екипи се на терен, со веќе започнати активности за санација на дефектот.

– Поради обемот на дефектот, постои можност за повеќечасовен прекин и нормализирање на снабдувањето со вода во текот на утрешниот ден, – дополнуваат од Камена Река

ЈП Камена Река упатува извинување до корисниците, со благодарност за разбирањето, за несаканата состојба со снабдувањето со вода за пиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *