Изведба на театарската претстава “Обвинителка” во Центарот за култура “Бели мугри” во Кочани

Центарот за култура “Бели мугри”- Кочани ви ја претставува изведбата на македонско- срската хит комедија “Обвинителка”

Единствената изведба во Кочани, заинтересираните можат да ја проследат во сабота, со почеток од 20:00 часот.
Карти за претставата, можат да се набават по цена од 200 денари, на билетарата во институцијата.
Работно време за набавка на билет:
16.05.2023 – 08.00-16.00 часот
17.05.2023 – 08.00-16.00 часот
18.05.2023 – 08.00-20.00 часот
19.05.2023- 08.00-20.00 часот
20.05.2023- 14.00 часот па се до почеток на претставата.
Главните улоги во македонско српската комедија ,,Обвинителка”, ги имаат Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски
Автор: Огнен Неделковски
Режија: Сашо Ристовски
Сценографија: Крсто Богојевски
Костимографија: Елена Лука
Музика: Мишел Траковски
Техничко водство: Диди
Оваа комедија веќе ги полни салите ширум Македонија, а веќе се подготвуваат и изведби во Србија и дијаспората.
Во оваа комедија каде Вукиќевиќ ја игра главната улога. На сцена ќе ги видиме и македонските актери: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.
,,Обвинителка” ја третира денешната состојба во општеството. Одговара на низа прашања, како е да си обвинителка, како е да си вработен во обвинителство, како се бараат начини за спас од обвинение, љубов, ризик, бегство…
Низ многу комични ситуации публика ќе ужива во брилијатната актерска енергија и ќе се насмее до солзи.
Оваа претстава е базирана на соработка на уметници од Македонија и Србија, а интересот за оваа хит комедија е огромен во целиот регион.
Не пропуштајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *