Игор Маринковски го фати Светиот крст во водите на Каменичка Река

Игор Маринковски го фати Светиот крст, кој по повод празникот Богојавление-Водици, беше спуштен во водите на река Каменичка.

19. Јануари 2023 година – Традиционално, Светиот крст за Водици, во Македонска Каменица се спушта во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Игор Маринковски од Македонска Каменица.
Стотици граѓани од Македонска Каменица го проследија овој чин, а на најсреќниот, градоначалникот на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му додели златник и пригодни подароци.

По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа неколку пријавени учесници, меѓу кои Маринковски беше најсреќен.

Линк до ВИДЕО од спуштањето на Светиот крст во водите на Каменичка Река ОВДЕ

https://fb.watch/i8RbDROM6F/?mibextid=RUbZ1f

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *