ИВАН МИЛЕНКОВСКИ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА КАМЕНИЧКА РЕКА

ИВАН МИЛЕНКОВСКИ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА КАМЕНИЧКА РЕКА

19 годишниот Иван Миленковски од Македонска Каменица го фати Светиот крст положен во водите на Каменичка Река на денешниот голем христијански празник Богојавление-Водици. По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа околу 30 верници, меѓу кои Иван М. беше најсреќниот.

 

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му врачи пригодни подароци и посака годинава да биде исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба за сите жители во општината.

Оваа година, Светиот крст во водите на Каменичка река, го положи Неговото Пеосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко. Претходно беше служена утринска Богослужба, Света Литургија и Богојавленски бодосвет во Светиот храм Успение на Пресвета Богородица“.

 

 

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.