Зошто е здрава лутата пиперка и кои болести ги лечи?

Лутата пиперка има безброј благодети по здравјето на луѓето. Ова истражување докажа колку таа е делотворна во лечењето на заболувањата од кои патат луѓето ширум светот.

Истражувањата покажаа дека лутата пиперка може значајно да ги ублажи симптомите на артритис и да ги намалат болките во зглобовите.

Симптомите за артритис се болки и воспаление на зглобовите, црвена кожа на местото на болниот зглоб и слабост во мускулите. Науката докажува дека капсаицинот, соединение кое го содржи лутата пиперка, ефикасно ги регулира болките во зглобовите и коските.

Оваа состојка може да се користи во многу креми, гелови или облоги а науката докажа дека неговото дејство на намалување на болките е видливо само после 3 недели употреба.

Меѓутоа капсамицинот може да има и контра ефект, да предизвика воспаление и иритација. Затоа е важно производите со капсамицин да се користат според упатство од лекарите. Доколку сакате да јадете пиперка тогаш искористете ги нејзините лековити својства во умерени количини, затоа што претерувањето со лутата храна може да биде кобно за организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *