Зорица Караѓозова со репрезентацијата на Македонија ги започнува натпреварите од „Челенџер“ турнирот во Грузија

„НАПРЕД ДЕВОЈКИ – КОН УСПЕХ НА ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ ТУРНИРОТ ВО ТБИЛИСИ“ – објави Македонската кошаркарска федерација на официјалната страна на социјалните мрежи, со што им посакаа успех на кадетките репрезентативки на турнирот кој деновиве се игра во Тбилиси, Грузија. Таму, ги чекаат мечевите против селекциите на Грузија, Ерменија, Малта и Албанија.
Во составот на кадетската репрезентација на Македонија настапува и нашата сограѓанка, Зорица Караѓозова која е дел од шамипонскиот тим на Баскет Кам од Македонска Каменица. Младата Зорица Караѓозова, оваа година настапи и во полуфиналните и финалните натпревари од Купот на Македонија и Плеј Оф натпреварите од првенството на Македонија, каде Баскет Кам славеше убедливи победи против екипата на скопски Бадел.
Според распоредот, во првото коло од турнирот, нашата кадетска селекција беше слободна.
Денеска, од 14.часот ќе играме против соодветната селекција на Малта.
Наредниот ден, во исто време, следува мечот против репрезентацијата на Албанија. А по еден ден пауза, на 13. август, од 17.часот, нашите кадетки ќе ги одмерат силите со селекцијата на Ерменија.
Учеството на овој турнир ќе го затвориме на 14. август, од 17.часот, со натпреварот против домашната селекција на Грузија.
МАКЕДОНИЈА НА „ЧЕЛЕНЏЕР“ ТУРНИРОТ ВО ТБИЛИСИ
Ана Милованова бек 172см
Анастасија Тодорова бек 166см
Михаела Алексовска бек-шутер 175СМ
Ања Даниловска бек 173см
Деа Хоџа центар 182СМ
Зорица Караѓозова бек-шутер 173см
Љубица Бошкова бек-шутер 176см
Марија Николов крило 172см
Климентина Модева центар 195см
Матеја Додевска центар 185см
Божица Стоевска бек-шутер 176см
Ксенија Петревска ниско крило 188см
СЕЛЕКТОР: Никола Златев
АСИСТЕНТ ТРЕНЕР: Ведран Белешковски
АСИСТЕНТ ТРЕНЕР: Форка Ѓорѓиева
ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Ема Никочевиќ
ДОКТОР: Веселинка Лалчевска
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
10. АВГУСТ – 14.00: Македонија – Малта
11. АВГУСТ – 14.00: Албанија – Македонија
13. АВГУСТ – 17.00: Македонија – Ерменија
14. АВГУСТ – 17.00: Грузија – Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *