Зоран Златковски промовиран како супер засилување на виничка Слога 1934

Македонска Каменица, 25.01.2019 година – Зоран Златковски е новото засилување на ФК СЛОГА 1934 од ВИНИЦА. Каменичанецот Зоран Златковски во есенскиот дел од првенството беше дел од ФК Каменица САСА, додека во својата богата кариера настапувано за ФК Пирин Благоевград, ФК Локомотив Пловдив, ФК Славија Софија, ФК Лудогорец, Супер лига во Иран – Малаван, ФК Ламиа, ФК Панахаики, ФК Кавала, ФК Брегалница Штип, ФК Академија Пандев, ФК Саса. Златковски беше репрезентативен капитен во У19 категорија во репрезентацијата на Македонија, каде на 19 натпревари постигна 11 голови,  во У21 на 9 натпревари успеа да постигне 5 голови. Исто така, Зоран Златковски е најдобар стрелец на ФК Саса во последните три сезони.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.