Значајна победа на Саса против Охрид. Слога и Тетекс ремизираа во Виница

Комплетирано 25. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија. ФК Саса на Градскиот Стадион во Македонска Каменица го пречека ФК Охрид, совладувајќи го со 2:1.

Домаќините ги постигнаа двата гола од белата точка, по досудените пенали во 22′ и 50′ од натпреварот. Сигурен егзекутор во двата наврати беше Саше Дуков. Гостите успеаа да израмнат во финишот од првиот дел. Упатија прецизен удар кон голот од одбиената топка по одличната одбрана на голманот на Саса, Филип Ѓорѓиевски.

Екипата на Саса, со освоени 21 бод, исто колку и Локомотива Скопје, се наоѓа на делбата на 12 позиција на табелата. Позади нив со 18, односно 16 бодови, каскаат виничка Слога и Тетекс од Тетово. Двете екипи, на вчерашниот натпревар во Виница, успеаа само да ремизираат. Им преостанува во кикс на останатите екипи да бараат приклучок кон средниот дел од табелата и спас од сигурен трансфер во Третата фудбалска лига.

Во следното коло Саса гостува кај Детонит во Радовиш, а Локомотива го пречекува “откажаниот” Борец од Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *