Значајна победа на ЖФК Каменица САСА против ривалот Скопје 2014

 

Македонска Каменица, 27.02.2022 година – Денеска, на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра 12. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, каде силите ги одмерија ЖФК Каменица САСА и гостинската ЖФК Скопје 2014.
Студеното и влажно време за игра не ги запре каменичките девојки во освојувањето на трите значајни бода совладувајќи го ривалот Скопје 2014 со 2:0.

Иако Каменица САСА имаше минимално водство од 1:0 (Ана Димитровска), по голот постигнат од пенал во првите минути од натпреварот (7 минута), забележлива беше доминацијата на теренот од домашната екипа во текот на целите 90 минути. Сепак, многуте изгледни шанси на девојките од Каменица САСА беа преточени во гол на самиот крај од натпреварот. Ангелика Икеда успеа да поентира за конечни 2:0 на својот дебитантски натпревар во боите на шампионот на Македонија, ЖФК Каменица САСА.

„Забележавме доминантна Победа во дербито на колото. Важни и очекувани три бода против фаворитите од Скопје. Имавме целосна иницијатива на нашите девојки. Актуелните шампиони на висина на задачата, а особена е радоста поради фактот што, гостинската екипа денеска, не успеа да упати шут кон нашиот гол“, – истакна Зоран Златковски по завршувањето на натпреварот, додавајќи дека На гостинската екипа им посакуваат многу успеси во иднина“.
Натпреварот се одигра по влажно и студено време, што резултираше со мал број на гледачи од трибините. Натпреварот беше пренесуван во живо на официјалниот фејсбук канал на ЖФК Каменица САСА, истиот можете да го погледнете ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *