Змија влезе во менза во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Змија вчера попладнето влегла во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје.

На фотографиите кои ги објави редакцијата на агенцијата Мета.мк, а ги испратиле студенти сместени во домот, се гледа змијата како е притисната на влезната врата од објектот.

Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека се запознаени со настанот.

Велевски вели дека вработените во институцијата уште вчера ја коселе тревата, а поради зголемениот обем на работа, помош побарале и од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“.

Тој додава дека е потребно да се одржува теренот и околу студентскиот дом „Стив Наумов“, затоа што е загрозена безбедноста на сите граѓани на општината, а не само на студентите кои се сместени во домот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *