Златни медали и највисоки признанија за квалитет на “Каменички мед” на Меѓународниот Саем во Струмица

Македонска Каменица, 22. Октомври 2023 година – Членовите на пчеларското здружение “Еко Кам Мед” од Македонска Каменица се вратија со бројни награди од Меѓународниот семинар за земјоделство во Струмица.

 

 

Во рамки на натпреварувачкиот дел на Меѓународниот Саем за земјоделство, се одржа избор на најквалитетен и највкусен мед, како за најдобра амбалажа на пчелни производи. Овде, “Каменичкиот Мед” доби златен медал со највисоки признанија за сите примероци на мед од територијата на Македонска Каменица.

 

 

– Со тоа уште еднаш се докажавме дека високиот квалитет на Каменички мед и во категоријата меѓународни натпревари е во редот на највкусни и најквалитетни производи, – истакна претседателот на каменичкото пчеларско здружение “Еко Кам Мед”, Боге Јанковски

 

 

Проектот со кој “Еко Кам Мед” обезбеди присуство и учество на Меѓународниот Саем за земјоделство во Струмица е финансиран од Општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *