Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе втората обука
со младите од Виница
Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска
Каменица, во четврток на 13.06.2024 од 10:00 – 15:30 часот, ја спроведе втората од
предвидените три обуки, со членови на Локалниот Младински Совет и Локалното
собрание на млади во Виница.
Младите од Виница се запознаа со Законот за младинско учество и младински
политики, Младинските политики во Република Северна Македонија и Вовед во
застапување за реализација на младински политики. Обуката ќе им овозможат на
младите преку Локалниот младински совет, со заедничко учество, партиципација и
консултации ефикасно и ефективно да застапуваат спроведување на младинските
политики на локално ниво, со цел вклучување на младите во процесите на креирање
политики на локално ниво, унапредување на нивната положба во заедницата и
градење на капацитетите на младите како идни лидери во општеството.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е добиен како грант од конзорциумот
кој го спроведува проектот „Заедници инклузивни за млади“.