Здружението „Надеж – Норе“ ја спроведе првата работилница од проектот „Младите можат“

Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж – Норе од Македонска
Каменица, во среда на 22.05.2024 година, ја спроведе првата од
предвидените три обуки за воспоставување на ефикасен Локален младински совет
во Македонска Каменица.

На обуката 11 млади од Македонска Каменица се запознаа со основите на
функционирање на општината,  со структурата, надлежностите и со делокругот на работа.

Оваа и следните обуки ќе им овозможат на младите да воспостават ефикасен Локален
младински совет (ЛМС), кој од друга страна ќе придонесе кон вклучување на младите
во процесите на креирање политики на локално ниво, унапредување на нивната
положба во заедницата и градење на капацитетите на младите како идни лидери во
општеството.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е добиен како грант од конзорциумот
кој го спроведува проектот „Заедници инклузивни за млади“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *