Здружението Надеж – Норе од Македонска Каменица ја спроведе втората обука од проектот „Младите можат“

Здружението Надеж – Норе од Македонска Каменица ја спроведе втората обука од проектот „Младите можат“

Македонска Каменица, 30. Мај 2024 година – Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска Каменица, во среда на 29.05.2024 година, ја спроведе втората од предвидените три обуки, со  потенцијалните членови на Локалниот Младински Совет (ЛМС) во Македонска Каменица.

Заинтересираноста на младите за учество на обуката се зголеми и 14  млади лица од Македонска Каменица се запознаа со Законот за младинско учество и младински политики, Младинските политики во Република Северна Македонија и Вовед во застапување за реализација на младински политики. Обуката ќе им овозможат на младите од Македонска Каменица преку Локалниот младински совет (ЛМС), со заедничко учество, партиципација и консултации ефикасно и ефективно да застапуваат спроведување на младинските политики на локално ниво, со цел вклучување на младите во процесите на креирање политики на локално ниво, унапредување на нивната положба во заедницата и градење на капацитетите на младите како идни лидери во општеството.

 

Проектот е финансиран од  Европската Унија, а е добиен како грант од конзорциумот кој го спроведува проектот „Заедници инклузивни за млади“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *