Здружението „Надеж – Норе“ ги започна активностите за формирање на Локални младински совети во општините Македонска Каменица и Виница

Македонска Каменица, 30. Ноември 2023 година – Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението „Надеж“ започна со активности за формирање на Локален младински совет во Општините Македонска Каменица и Виница.

 

 

На вчерашната почетна работилница, реализирана во Домот на култура во Македонска Каменица, координаторот на проектот Тошо Цонев, ги запозна младите со утврдените проритети на проектот, кој опфаќа креирање на локални младински политики и вклучување на младите во процесите на креирање на јавните политики. Беа истакнати најзначајните цели на проектот, во насока кон идентификување и решавање на локални младински проблеми со користење на пристапот заснован на права и можности. Како и значајот за младите од реализацијата на овој проект, кој ќе овозможи препознавање на младинските потреби и предизвици, и нивно решавање. Поттикнување на напредокот и развојот на младите и зајакнување на нивната улога во рамки на општеството.

 

 

Започнуваме со реализација на проектот „Младите можат“ кој опфаќа формирање на Локални младински совети во општините Македонска Каменица и Виница, со цел младите да дојдат на едно повисоко ниво и нивно вклучување во носењето на одлуки во општеството, – изјави координаторот на проектот, Тошо Цонев по завршувањето на работилницата, кој дополни дека „Локалните младински совети ќе располагаат со одредени финансиски средства, во висина од 0,1% од вкупниот буџет на Општината. Средства кои ќе бидат наменети исклучиво за работа на Локалниот младински совет, Канцеларијата за млади и тековни проекти кои ќе бидат реализирани во интерес на младите“.

 

 

Локален младински совет ЛМС, претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различни форми на организирање во Општината, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински
интерес кон локалната самоуправа.
Воспоставувањето на Локалени младински совети ќе придонесе кон вклучување на младите во процесите на креирање политики на локално ниво, унапредување на нивната положба во заедницата и градење на капацитетите на младите како идни лидери во општеството.

 

 

Се надеваме дека ќе наидеме дека ќе наидеме на добар одзив кај младите, да се вклучат во оваа иницијатива за формирање на Локален младински совет. Исто така, се надеваме дека една од првите активности на Локалниот младински совет би била носење на Стратегија за млади во општините Македонска Каменица и Виница, – додава Цонев. Само така, со стратешки и координиран пристап, младите ќе можат да пристапат кон решавање на нивните проблеми и кон изнаоѓање на наќини и можности за реализација на своите потреби во заедницата.

Предвиден рок за реализација на проектот „Младите можат“ со кој Здружението „Надеж“ се вклучува во активносите за воспоставување на правна рамка за долгорочна идентификација, и решавање на предизвиците и проблемите на младите во општините Македонска Каменица и Виница е крајот на месец Јуни 2024 година.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *