За скоро 40% зголемен бројот на првачиња во ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица

Македонска Каменица, 03.06.2022 година – Разговаравме со директорот на Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј”, Виктор Георгиевки за бројот на запишани првачиња и поддршката за образовниот процес од општина Македонска Каменица во учебната 2022/23 учебна година.

Директорот Георгиевски ја истакна радоста за зголемениот број на првачиња. Годинава 54 првачиња ќе го започнат образовниот процес во каменичката деветолетка, што во однос на минатата година е зголемување од 15 ученици.

На почетокот од учебната 2022/23 година, сите првоодделенци ќе добијат еднократна финансиска помош од општина Македонска Каменица, за која директорот Виктор Георгиевски упати благодарност до градоначалникот Димчо Атанасовски.

* Линк до ВИДЕОТО од разговорот со Виктор Георгиевски, директор на ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица https://fb.watch/dpJd6ljX4j/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *