За подвигот на нашата Матеја Владимирова – на свои 15 години успеа да постигне над 20 кошови на сениорски прволигашки натпревар

За подвигот на нашата Матеја Владимирова – на свои 15 години успеа да постигне над 20 кошови на сениорски прволигашки натпревар

 

 

Покрај одличните игри и постигнатите резултати во младинските лиги, нашата млада сограѓанка Матеја Владимирова успешно се етаблира во сениорското друштво на шампионскиот тим на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица.

15 годишната Матеја Владимирова, во последното коло против ЖКК Струга, одигра фантастичен и успеа да постигне дури 21 поен, што можеби е најдобар личен скор за така млада и перспективна кошаркарка во рамки на македонското женско прволигашко клубско натпреварување. Со победата над Струга со 99:51, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица е лидер на табелата со 15 бодови.

 

 

Таа во составот на ЖКК Баскет Кам е најмладиот играч, но со своите 179 cm височина, дава огромен придонес во играта на крилната позиција.

 

Со својот талент и дисциплина на теренот, Матеја беше дел од репрезентацијата на Македонија до 14 години, каде заележа одлични настапи и на натпреварите од ФИБА проектот одржан во Турција, каде учествуваше репрезентацијата на Македонија до 14 години.

Посветеноста на ЖКК Баскет Кам во младинската школа во континуитет дава одлични резултати. Тоа е одлична можност за младите кошаркарки од Македонска Каменица и регионот да учествуваат во младинските првенства на Македонија.

Матеја, честитки!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *