Започнува летната сезона на Градскиот базен во Македонска Каменица

ЈП Камена Река го најави почетокот на летната сезона на Градскиот базен во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 15. Јули 2023 година – Почнувајќи од утре, како што истакнува Влатко Димитровски, директор на Јавното претпријатие кое го стопанисува Градскиот базен, граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да го посетуваат Градскиот базен во Македонска Каменица како место за пливање, рекреација и разладување во текот на летната сезона.

Градскиот базен ќе работи секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот.

“Во тек се последните подготовки за отворање и успешна работа на Градскиот базен. Во рамки на можностите кои ги има Јавното претпријатие Камана Река, ќе се обиде да воведе повеќе новини во работењето, со кои дополнително ќе се подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен”, – додаде во изјавата директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски

Утре, влезот на базенот е слободен, а во текот на целата летна сезона од 2023 година, ќе биде со цена од 50 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *