Започнува асфалтирањето на втората фаза од улица “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица

Денеска во Македонска Каменица започнува асфалтирањето на втората фаза од улицата “Миле Јаневски Џингар”.

Од општината најавуваат дека, со изградба на нови улици и патишта, ќе продолжат и во текот на 2023 година. Со тоа поголемиот дел од инфраструктурните проблеми на граѓаните на Македонска Каменица ќе бидат решени.В

Увид во денешните градежни активности и во текот на работата за реализација на тековните инфраструктурни проекти извршја градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и Влатко Димитровски, директор на ЈП Камена Река.

Претходно, ЈП Камена Река го уреди поврзувањето на овој дел од градот со нова фекална и атмосферска канализација, како и со инсталирање на главна и секундарна водоводна мрежа за корисниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *