Започнуваат со работа Креативни работилници за децата во Македонска Каменица

Започнуваат со работа Креативни работилници за децата во Македонска Каменица

Започнува пријавувањето за учество во Креативните работилници за деца во Македонска Каменица. Проектот покрај креативно изразување на децата, нуди можност за Градење на позитивна слика за себе; Градење самодоверба; Препознавање и изразување на сопствените емоции и развивање емпатија, како и Прифаќање на разлики и ненасилно разрешување конфликти.

Станува збор за Креативни работилници за деца на различна возраст. За учество во Креативните работилници можат да се пријавуват деца од 6 до 8 години, како и деца од 9 до 12 години за учество во повозрасната група. Двете возрасни групи се распоредени во 4 модули.

 

 

Пред почетокот на Креативните работилници предвидена е средба со секој од родителите на дечињата учесници и запознавање со начинот на реализација на работилниците.

Повозрасната група од 9 до 12 годишна возраст ќе ги совладува модулите: Кој сум јас; Моите емоции; Јакнење на самодовербата и Булинг. Додека дечињата од 6 до 8 годишна возраст ќе работат во модулите: Тоа сум јас; Моите емоции; Јакнење на самодовербата и Когнитивни и моторички вежби.

Работилниците ќе бидат водени од Билјана Иванова Стојановска – психолог и гешталт советувач, Ивана Аралампиевска Мулачка – социолог, психолог и гешталт советувач и од Сузана Лазарова Ефтимова – педагог и гешталт советувач. Супервизор на проектот е М-р. Радмила Манчевска – лиценциран психолог, психотерапевт и тренер.

За пријавување и дополнителни информации контактирајте ги на следниве контакт телефонски броеви: 078 662 854 – Ивана; 078 218 706 – Билјана.

Бројот на учесници во Креативните работилници е ограничен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *