Започна чистењето на дивите депонии во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 31.01.2022 година – Општина Македонска Каменица преку Програмата за работа на ЈП Камена Река започна екоакција за чистење на дивите депонии во урбаниот дел од градот, приградските населби и во руралните средини.

Во денешната екоакција учествуваше и градоначалникот Димчо Атанасовски кој ја искористи приликата да го најави почетокот на чистењето на дивите депонии на подрачјето на Македонска Каменица.

“Еколошки чиста и здрава животна средина е наш врвен приоритет и затоа апелираме сите наши сограѓани да се однесуваат одговорно, да се грижат за нашата околина и сите заеднички да допринесеме Каменица да биде најчист македонски град.
Акциите ќе продолжат и во наредниот период, комплетно ќе биде исчистено и централното градско подрачје и руралните средини, –
дополни градоначалникот Димчо Атанасовски

ЈП Камена Река, како претпријатие задолжено за јавната чистота и комунална хигиена, покрај редовното одржување на јавните простори во континуитет спроведува екоакции со вклучена крупна механизација за отстранување на диви депонии на територијата на општина Македонска Каменица. Дел од планираните екоакции ќе бидат реализирани и со вклучување на екологисти, граѓански организации и активисти, со цел подигнување на свеста кај граѓаните за почиста околина и одржување на јавната чистота во Македонска Каменица на повисоко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *