Започна турнирот во мал фудбал „Рудник САСА 2023“

Македонска Каменица, 05. Април 2023 – Вчера, во Спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, со почеток од 18:00 часот, започна Турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2023.

Во пријатна спортска атмосфера и преполни трибини, вработените во Рудник САСА, одиграа четири ефективни и интересни натпревари во рамки на 1. коло од турнирот. Администрација со 5:3 беше поуспешна од САСА Транзициони проекти, Машинско со 2:1 ја совлада екипата Рудник. 4:2 беа доволни за убедлива победа на Флотација над екипата на Хоризонт 910, а без победник и без постигнати голови, заврши натпреварот помеѓу минатогодишниот победник екипата на Електро и Хоризонт 990. Слободна беше екипата на Технички служби.

 

 

 

По одигрувањето на 1. Коло на Турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2023, прва на табелата е екипата на Администрација. Исто така, по два бода имаат Флотација и Машинско. Следуваат екипите на Електро и Хоризонт 990 кои вчера со нерешениот резултат ги поделија бодовите.

 

 

Иван Павлов ги постигна сите 5 погодоци за својот тим и заслужено го зазема врвот на листата на стрелци по првото одиграно коло од турнирот. Втор на оваа листа е Даниел Десподовски, кој постигна два гола за победа на својата екипа. Повеќе играчи имаат по еден постигнат погодок.

 

 

Утре, во истиот термин со почеток од 18:00 часот, ќе започнат натпреварите од 2. Коло на Турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2023. Првиот термин е резервиран за екипите на САСА – Транзициони Проекти и Електро. Следуваат натпреварите помеѓу Администрација со Рудник и Хоризонт 990 со Хоризонт 910. Машинско и Технички служби го играат последниот натпревар со почеток од 20:15 часот. Слободна е екипата на Флотација.

 

 

На турнирот учествуваат девет екипи, кои во рамки на двокуржен систем на натпреварување ќе одиграат 18 кола. По завршувањето на регуларниот дел од турнирот, првите четири екипи на табелата ќе учествуваат во ПлејОф разигрувањето и борбата за првото место на турнирот.

 

Пишува: Горан Бразда
MediaPoint

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *