Започна со работа традиционалната фурна за домашна пица и пастрамајлија “Филитеа 2” во Штип

Тимот на добро познатиот пица ресторан “Филитеа”, Ве известува дека денеска во Штип ја отвори единствената во регионот, традиционална фурна на дрва за печење на пици и пастрамјалии “Филитеа 2”.

Фурната “Филитеа 2” – Штип се наоѓа под текстилното училиште, на главната улица “Генерал Михаило Апостолски” бр. 1 во Штип.

Сопствениците на “Филитеа 2” се веќе докажани долгогодишни мајстори на кулинарството. Станува збор за високо обучени пица мајстори со добиени бројни награди во Европа. Најзначајна им е наградата за најдобро подготвена пица на натпреварот во Цирих, Швајцарија во конкурениција на 174 пица мајстори.

Тимот на фурна “Филитеа 2” – Штип, срдечно и со чест и задоволство, Ве очекува да бидете нивни посетители и гости.

 

*Маркетинг (МедиаПоинт/Каменица.Мк)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *