Започна новата учебна година

Со звукот на училишното ѕвоно стартуваше новата учебна година. Во училишните клупи седнаат повеќе од 20.437  првачиња што е најмала бројка досега во последните пет години. Во Скопје од вкупно 10 општини досега се пријавени 6.159 првачиња.Сепак радоста на лицата на најмладите ученици беше голема. Исто толку возбудени и родителите. Очекуваат подобар образовен систем.

„Се надевам од сега натаму ќе има поквалитетен образовен систем од што беше. Многу беа натрупани со материјали, со непотребни работи  што за децата е непотребно“

„Ќембрич да се укине мислам голема работа ќе се заврши. Хаотична е програмата само скокаат од тема на тема која што нема допирни точки, а на крајот се бара резултат кој што тешко се добива“, велат анкетираните родители.

Дел од наставниците велат дека имаат повеќе административни обврски отколку што можат да се посветат на воспитно-образовната функција. Екстерното тестирање и Кембриџ програмата велат го руинираа целиот систем.

„Системот на образование ни е каков што ни е, меѓутоа сметам дека ќе биде подобро. Најавени се промени во пановите, програмите, потоа во учебникарството. Има премногу грешки во учебниците, сметам дека ќе се направи некоја корекција за да бидат поквалитетни учебниците, а не да бидат само сликовници“, вели  Гордана Арсовска – наставничка.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска преку писмо им го честиташе стартот на новата учебна година. Полн со предизвици за учениците но и за надлежните. Таа неодамна најави дека ќе има ревизија на учебниците, а веќе се повлечени два спорни учебници со дискриминаторска содржина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *