Започна изградбата на нови паркинг простори во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.04.2022 година – Општина Македонска Каменица во рамки на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини започна со изградба на нови паркинг простори на повеќе локации во градот.

Со изградбата на нови паркинг простори започнува решавањето на проблемите со паркирањето во градот, велат од локалната самоуправа: “Започнавме да го решаваме проблемот со паркинг просторот во Македонска Каменица. Работиме на проширување на постоечките и изградба на нови паркинзи на повеќе локации во централното градско подрачје”.

Од општината најавуваат и решавање на проблемот со хаварисаните и стари неподвижни возила кои зафаќаат места на постоечките паркинг простори: “Сите граѓани кои имаат хаварисани возила кои подолг временски период зафаќаат паркинг места, потребно е истите да си ги дислоцираат. По првомајските празници, Општина Македонска Каменица заедно со ЈП Камена Река ќе ги дислоцира непоместените хаварисани возила на трошок на сопствениците, а ќе бидат покренати и соодветни постапки”.

На крајот од соопштението се вели дека сите активности на општината се насочени кон градењето на модерна и урбана средина. Во таа насока, треба одговорно да делуваат и сите граѓани во заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *