Започна асфалтирањето на улица Церска во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01.06.2022 година – Општина Македонска Каменица го објави почетокот на асфалтирањето на улица Церска.

„Со претставници на Светска банка, фирмата-изведувач и надзорот на проектот утврдивме дека работите на терен се одвиваат со одлична динамика и во наредните неколку денови проектот ќе биде комплетно завршен. На улица Церска ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација“ – стои во соопштението од општината

Општина Македонска Каменица , како што стои во текстот од соопштението, „инсистираше улица Церска во должина од скоро 2,5 километри, да биде асфалтирана пред веќе потврдените настани кои ќе се одржат на Манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец”, со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот“.
Од општина Македонска Каменица најавуваат дека од наредната недела ќе започне реализацијата на фаза 2 од изградба на улиците “Миле Јаневски Џингар” и нејзино спојување со улица “Мирче Ацев”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *