Заврши бербата на првиот легално произведен канабис во Македонија

Бербата на првиот медицински канабис одгледан во Македонија е завршена, по што следува високософистициран технолошки процес со кој ќе се произведе екстракт од канабисот и набргу се очекува производот да биде достапен на локалниот пазар.

Од холдингот NYSK информираат дека во согласност со првичната процена станува збор за одличен род што ќе даде квалитетен производ, со висок процент канабиноиди.

„Целиот процес од засадувањето на растението, созревањето и берењето е следен и внимателно набљудуван од нашиот тим составен од експерти во секторот. Нивното знаење и искуство во процесот на преработка ќе биде посебно искористено во следната фаза, каде што се прави екстракцијата на маслото од канабис и негово приспособување за посакуваната намена. Соодветно на постојната законска легислатива за користење масло од канабис во медицински цели, холдингот NYSK произведува повеќе вида масла, при што соодносот на концентрацијата на ТХЦ и на ЦБД (канабидиол) ќе биде различна соодветно на болеста за која е наменето“, изјавија од компанијата.

Маслото од канабис од NYSK, што набргу ќе се најде во аптеките на домашниот пазар, ќе има висока концентрација на супстанцијата ТХЦ (тетрахидроканабинол), која се наоѓа во канабисот и која има големо влијание во лекувањето тешки болести. За високиот квалитет на производите се грижи тим од искусни специјалисти за екстракција и врвна технологија, што е имплементирана во компанијата NYSK.

Во Македонија во моментот е дозволена употреба на масло од канабис во медицински цели за лекување четири болести – рак, ХИВ, мултиплекс склероза и епилепсија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *