ЖФК Каменица САСА ќе одигра пријателски натпревар против ЖФК Истатов по повод 5 години од постоењето на клубот

По повод 5 години од постоењето, ЖФК Каменица САСА на Градскиот стадион во Македонска Каменица ќе одигра пријателски натпревар против ЖФК Истатов од Дојран.

Натпреварот помеѓу ЖФК Каменица САСА и ЖФК Кул Истатов ќе се одигра на 14. Август во недела, со почеток од 16:30 часот.

Женскиот фудбалски клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица, одбележува 5 години од своето постоење.
ЖФК Каменица САСА е основана на 09 Јуни 2017 година од нашиот сограѓанин и фудбалер со богата и долгогодишна интернационална кариера, Зоран Златковски.

Иако клубот постои само 5 години, веќе е двократен Шампион во Првата женска фудбалска лига (2019/20; 2020/21) и овогодишен победник во Купот на Македонија.

Како Шампион на Македонија, ЖФК Каменица САСА во изминатите две сезони се натпреваруваше и во разигрувањата по групи од Лига на шампиони.

Покрај сениорскиот тим, во кој се вбројуваат редица на македонски репрезентативки и интернационалки од Европа и САД, ЖФК Каменица САСА големо внимание посветува и на младинските школи.

Со постигнатите врвни резултати, клубот веќе е етаблиран во фудбалската мапа на Македонија, како тим воден од сериозен, стручен и прогресивен тим, кој функционира на високо професионално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *